Освен Меси, осуден е и неговиот татко, а на казната ќе вложат жалба до Врховниот суд на Шпанија.
Фудбалерот на шпанска Барселона и еден од најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси, осуден е на 21 месец затвор поради затајување на данок, откако судот во Барселона го прогласи за виновен по три точки од обвинението, пренесува Ројтерс.
Како што се наведува, покрај Меси, и неговиот татко е осуден на 21 месец притвор, а на казната можно е да вложи жалба до Врховниот суд на Шпанија.
Сепак, според шпанскиот закон за дела за кои е пропишана затворска казна помала од две години, можно е да се изврши спогодба, па е извесно дека Меси и неговиот татко Жорге нема да одат во затвор.
Ја оштетиле Шпанија за 4,1 милиони евра
Судот му наложил на Меси да плати казна од приближно два милиони долари, додека неговиот татко мора да плати 1,5 милиони долари.
Меси и неговиот татко уште од 2013 година се оптужени за оштета на Шпанија за повеќе од 4 милиони евра.
А.Г.