Аргентинскиот фудбалски мајстор Лео Меси добил неверојатна понуда од Кина.
Еден од најбогатите кинески клубови Хебеи Кина Фортун, му понудил на Меси 5-годишен договор со годишна плата од 100 милиони евра. Хебеи на еден од најдобрите фудбалски имиња на денешницата му понуди соработка во која му нуди неверојатни половина милијарда евра.
Меси моментално преговара со Барселона за продолжување на договорот. Меѓутоа, преговорите се пролонгираа и траат веќе 6 месеци. Претседателот на Барселона уште во јуни изјави дека е прашање на време кога Меси ќе го потпише новиот договор.