Германската канцеларка Ангела Меркел нема да се кандидира на партиските избори за претседател на партијата ЦДУ на 8 декември.
Информацијата ја споделила канцеларката утрово по партискиот состанок, пишуваат германските медиуми.
По 18 години на чело на партијата, Меркел одлучи да се повлече.
“Ројтерс” оценува дека со нејзиното откажување започнува трката за наследник, односно нов канцелар.
Веднаш по споделувањето на оваа информација забележан е пад на еврото на светската берза. По гласањето во Бавањрија, Германците одлучија да ја “казнат” Меркел и на вчерашното гласање во Хесен.
JUST IN: German Chancellor Angela Merkel has told leaders of her Christian Democrats (CDU) that she will not seek re-election as party chairwoman at a conference in early December.https://t.co/nxEMasvgng pic.twitter.com/QaL1d7Hz78
— euronews (@euronews) October 29, 2018