Сопругата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп, Меланија Трамп се огласи првпат откако беше прогласена победата на Џо Бајден на претседателските избори.
„Американскиот народ заслужува чесни избори. Секои легални, не нелегални, гласот треба да биде уважен. Мораме да ја заштитиме нашата демократика со целосна транспарентност“, порачала првата дама на Твитер.
Во меѓувреме, тамошните медиуми тврдат, повикувајќи се на Белата куќа, дека блиското опкружување на Трамп се обидува да го убеди да го признае поразот, а дека меѓу нив е и Меланија. Меѓутоа, овој твит докажува дека сепак е лојална и дека Трамп не се откажува од тврдењето дека е украден на изборите иако за тоа нема конкретни докази.
The American people deserve fair elections. Every legal – not illegal – vote should be counted. We must protect our democracy with complete transparency.
— Melania Trump (@FLOTUS) November 8, 2020