Екипата на Мега Баскет со триумф го започна пролетниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига. Минатиот викенд во поларните услови во спортската сала во Куманово, совладан е истоимениот противник со повеќе од убедливи 35-73.
Таа победа, како и двете пријателски средби претходно, одиграни во Лерин и во Битола, треба да бидат увертира за подобри резултати во однос на есенскиот дел. Со четири победи и осум порази, прилепската екипа се наоѓа на осмото место на табелата и има 16 бода, исто колку и Водно Санс и Работнички 2018 на деветтата и десеттата позиција.
Во сабота (03.02.2024) со почеток од 19:00 часот, во Прилеп гостува екипата на Соколи 1933 од Штип, на која што прилепчани и’ должат реванш за тесниот пораз во октомври.
Нашите дечки ја заслужуваат вашата поддршка, а Прилеп заслужува квалитетен спорт, затоа се гледаме сабота во 7 во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”.