Koшаркарите на Мега Баскет од Прилеп стигнаа до шестиот триумф сезонава, откако на домашен терен ја победија екипата на Борец со 78 – 67 и им вратија за поразот во есенскиот дел од сезоната.
Со овие нови бодови прилепчани ја вратија надежта за повисок пласман на второлигашката табела, а со тоа и можност да заиграат во плеј-офот за пласман во најелитното кошаркарско друштво кај нас.
Прилепчани водеа во текот на целиот натпревар, но гостите ги следеа во чекор, па дури направија и мал пресврт во еден дел од натпреварот. Победникот се одлучи во последниот период, а најзаслужни за новите бодови беа: Велески со 23 поени, Стевананџија со 18 и Јанески со 17.
Во наредното коло Мега баскет има тешко гостување кај МКК Куманово кој е лидер на табелата со 16 од 16 победи.