МВР ја предвидува иднината? Имале информации дека се подготвуваат молотови коктели

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по посетата на повредените полициски службеници на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кажа дека располагаат со информации дека одредена група за вечерашните најавени протести подготвуваат молотови коктели.

За синоќешните ескалации рече дека нападот на службениците и институциите не е демократија, туку вандализам и насилство. Сцените од синоќа ги спореди со нападот на Собранието на фамозниот 27 април.

-Ваков облик на организирано насилство, ова е случај кој потестува на 27 април, 30 луѓе со качулки на глава го предизвикуваат целиот неред и предизвикуваат напади на институциите и напад на полициските службеници. Секако дека професионалниот однос на македонската полиција се согледа во тоа што исклучиво се изврши интервенција врз оние кои направија физички напад и материјална штета, кажа Спасовски.

Оттука произлегува и прашањето: Зошто МВР би дозволиле воопшто да се случат овие инциденти доколку имаат информации за тоа кој ги подготвува?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.