МВР со детали за сообраќајката на влезот во Прилеп, каде се судрија 4 возила

На 05.08.2024 во 15.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на излезот од Прилеп кон Битола, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф” со крушевски регистарски ознаки, управувано од Џ.З.(29) од с.Борино, крушевско, патничко моторно возило „ауди” со битолски регистарски ознаки, управувано од В.К.(44) од Битола, патничко моторно возило „мерцедес” со словенечки регистарски ознаки, управувано од В.Б.(49) од Република Словенија и патничко моторно возило „бмв” со велешки регистарски ознаки, управувано од С.М.(18) од Велес.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Џ.З., констатирани во Градска болница Прилеп. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.