Утре со почеток од 13:30 часот на стадионот “Под Тумбе кафе” во Битола, Победа како домаќин ќе се соочи со Шкупи и ќе бара шанса за прекинување на црната серија од порази.
Од навивачката група “Мајмуни” повикаа на мобилизација и масовно присуство на натпреварот на сите заинтересирани, а со цел црвено-белите да стигнат до значајни три бода.
Тргнувањето е од пред реклами во 12:15 часот.
Се освен триумф на овој натпревар ќе се смета како неуспех и ново разочарување кај фудбалската јавност во Прилеп.
Победа во изминатите три кола забележа исто толку порази, на гостувањата кај Беласица, Македонија Ѓорче Петров и како домаќини против Вардар.