Поголема група навивачи од Прилеп пристигнаа денеска во Палермо, каде вечерва ќе ја бодрат македонската фудбалска репрезентација во историскиот дуел за Светско првенство против Италија.
Од фотографиите можеме да видиме дека прилепчаните се добро расположени и подготвени жестоко да навиваат за нашите момци вечерва на стадионот “Ренцо Барбера”.