“Мајмуни” до Пендаровски: “Нема да седнеме на иста маса со политичарите кои го променија уставното на нашата татковина”

После навивачките групи “Војводи” и “Комити”, со соопштение до иницијативата на Претседателот Пендаровски за помирување на навивачките групи, се јавија и од навивачката група “Мајмуни” од Прилеп.

“По повод последната изјава на претседателот на Република Македонија, за помирување и средби помеѓу навивачките групи од различна етничка припадност во нашата држава, сметаме дека не постои можност и начин истите да се остварат, а причините ги наведуваме во продолжение. Нема да седнеме на иста маса со оние кои најпрво не ја почитуваат нашата држава, нејзините државни симболи, нејзиниот јазик и идентитетот на нашиот народ. Нема да седнеме на иста маса со оние кои истакнуваат навредливи пораки, имаат невозможни соништа за некаква си голема држава и плукаат по се што е македонско. Нема да седнеме на иста маса со оние што ниту еднаш не го истакнале знамето на државата во која живеат, а ги величат симболите на соседни држави. Нема да седнеме на иста маса и со политичарите, беџ разлика за кого станува збор, тоа се луѓето кои го променија уставното и државотворно име на нашата татковина, чин кој го сметаме за срамен и понижувачки. Долг е патот до моментот кога навивачите од различна етничка припадност ќе имаат исти идеали, исти вредности и ќе се стремат кон истите цели. За почеток, нека почнат оние другите, да ја почитуваат државата во која живеат, и да не плукаат по македонскиот народ и се што е македонско”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.