“Мајмуни” безрезервно ги наполнија кесите: Масовна крводарителска акција по повод 30-годишнината од постоењето

_mg_1665

Традиционално, локалната самоуправа и Црвениот крст на Р.Македонија , по
повод 11-ти Октомври, Денот на македонското антифашистичко востание,
организира крводаритела акција .Оваа година, навивачката група “Мајмини“ се вклучува во организацијата, по повод 30-годишниното постоење.
.
Крводарителката акција се одржува во домот на култура “Марко Цепенков”, во кој крв даруваат и навивачите и сите оние граѓани кои сакаат да бидат хумани. „Прилеп не само што е град херој ,туку е и град на хуманоста. Овие собрани единици на крв ќе спасат нечии човечки живот„-истакна градоначалникот на Прилеп ,  Марјан Ристески, кој ја поздрави крводарителката акција и им го честита јубилејот на навивачката група „Мајмуни“
_mg_1645
_mg_1651
Вечерта пак, во 19:30 часот за време на големиот огномет по повод прославата на 11-Октомври, навивачката група најавуваат голем спектакл. Нивните членови ќе запалат 150 факли (стробови) со шт о ќе дадат свој придонес во одбележув њето на 75 години од антифашистичкото востание на Македонскиот народ. Навивачката спортска група „Мајмуни“ формирана е како „Маркови внуци„ во далечната 1987 година,за 1997 да се преименува во навивачка група „Мајмуни„.
Прославувањето на овој јубилеј со крводарителка акција е рамките
на наивните предвидени активности, за одбележување на 30 години од
постоењето како организирана навивачка група од Прилеп.
_mg_1694 _mg_1654
_mg_1656 _mg_1669 _mg_1675 _mg_1676 _mg_1687 _mg_1689




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.