Од почетокот на школската година, Жозет Дјуран секое утро на својот син му пакувала два сендвичи, две пакувања чипс, две шишиња со сок или вода и две овошки. На почетокот мислела дека сето тоа е за нејзиниот син, а најпосле го прашала.
Дилан тогаш и’ покажал фотографија од неговото другарче и одговорил: “Тоа е за ова дете. Тој јаде само овошје за ручек”.
Семејството на школското другарче од Дилан се соочувало со големи проблеми. Неговата самохрана мајка ја изгубила работата и не можела да си дозволи да му приготвува оброци за на школо на своето дете. Кога ова го дознала Жозет, уште повеќе сакала да му помогне на несреќното семејство.
“Ова ме погоди уште повеќе, затоа што пред неколку години јас и мојот син бевме бездомници. Живеевме во автомобил, а Дилан го бањав во јавни купатила. Исто така немавме храна.”, вели Жозет за KOAT NEWS.
Жозет ова го споделила на социјалните мрежи со нејзините пријатели, а потоа добила и повик од мајката на другарчето на нејзиниот син. Таа и’ понудила да плати за се’, но Жозет одбила.
“Мислам дека не направив ништо посебно. Направив нешто што секој човек треба да направи”, вели Жозет.