Мајка влегла во собата на синчето и здогледала како животно му ја голта главата

avstralija

Австралијанката Тами во вчеравечер, ја разбудил од спиење силен вресок на нејзиниот син Тајлер, и таа веднаш втрчала во детската соба, каде ја чекало шок

Мајка од Австралија, од местото Максвил, затекнала хорор глетка во собата на својот син – питон долг три метри во својата уста ја држел главата на нејзиното четиригодишно дете.

Според она што го објавуваат австралиските медиуми, Тами во вчеравечер, ја разбудил од спиење силен вресок на нејзиниот син Тајлер. Под постелнината на детето влегол питон и го гризнал за рака, а веднаш потоа почнал да се обидува да му ја проголта главата.

Кога вознемирена од врисокот на својот син, жената втрчала во собата се шокирала. Речиси цела глава на нејзиниот четиригодишен син била во устата на огромната змија. Таа веднаш го зграбила питонот и успеала да го одвои од детето, а потоа повикала помош.

Прв напомош пристигнал нејзиниот пријател Крег Бејкер, кој го убил питонот. На фотографиите, објавени на социјалните мрежи, може да се види како тој ја држи во рацете мртвата змија. Под фотографијата пишува дека малиот Тејлор е во добра здравствена состојба.

Инаку, змиите се многу чест проблем за жителите на Австралија. Минатата недела еден граѓанин на Маручи Ривера во Квинсленд, змија извлекол од каналите за електрична инсталација во ѕидовите на својата куќа. Пред околу еден месец беше објавено дека има алармантно зголемување на бројот на змии, како и бројот на напади, како на луѓе така и на нивните домашни миленичиња, од овие животни.

dete

– Колку што се деновите потопли, змиите се повеќе вознемирени. Освен тоа, поради зголемениот број на нови градежни проекти, змиите остануваат без своите природни живеалишта, па буквално се преселуваат во дворовите и живеалиштата на луѓето, изјавил еден австралиски ветеринар.

piton




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.