Имамот Џемаил Чупи, поранешен кандидат за градоначелник на Дебар од редовите на БЕСА, бил на се уште необјавета листа од 19 нови амбасадори што ја усвои Владата на 12 декември на предлог на МНР, дознава „Телма“.
Чупи, освен што бил оџа, студирал на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во буиографијата му стои дека е доктор по политички науки и дека предава на Универзитетот за бизнис и технологија во Приштина.
Тој, според „Телма“ пред 5 години држел проповеди во Германија за што можат да се најдат и снимки.
Законот за МНР овозможува именување истакнати личности од областа на надворешната политика, меѓународните односи, меѓународното право, науката и културата за амбасадори, но дискутабилно е именувањето на Чупи кој само до пред пет години бил имам, заклучува „Телма“.