На 19. декември градот под “Марковите Кули” уште еднаш ќе го прослави својот заштитник, Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски.
Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест. Ова ќе биде 18. пат прилепчани заедно да ја чествуваат градската слава и заштитникот на градот, а оваа година домаќини се општествено одговорните компании “МАТАДОР” и “БИМФУД”.
Прилепчани и сите гости во центарот на градот ќе ги дочека богата трпеза, која не може да се замисли без малите посни сармички, вкусното светиниколско гравче и секако риба.
Токму посните сармички го внесоа Прилеп за прв пат во Гинисовата книга на рекорди. Во 2008 година во очи на празникот вредните прилепчанки завиткаа 80.000 посни сарми, доволно за Прилеп да биде запишан и запознаен од светот.
Повелете на Св. Никола во Прилеп!




























