Нашите “пријатели” од Грција денес излегоа во 25 градови да протестираат против, како што велат тие, “Македонскиот хеленизам”.
Вечерва во 19 часот и 30 минути по локално време, 18 и 30 по македонско, митинзите за македонскиот хеленизам се планирани во 25 градови во Грција. Организацијата ја презеде “Комитетот на хеленисти на Македонија”, кој ги повикува граѓаните да доаѓаат со грчки знамиња и без партиски симболи.
На протестот присуствуваат политичари, главно од опозицијата , јавни личности, свештеници…
Централен собир ќе има во Пела, од симболични причини, како родно место на Александар Македонски. Веќе почнаа да се собираат луѓе со знамиња за да протестираат.
На медиуми од Република Македонија не им е дозволено да ги следат протестите одблизу, наводно поради безбедносни причини.