Повеќе граѓански организации организации денеска во Скопје организираа протестен марш закажан за 17 часот.
Kaко што стоеше во најавата, протестот започна во 17 часот пред зградата на Министерството за животна средина и просторно планирање и ќе заврши пред Владата.
Река на луѓе денеска се движеа низ центарот на Скопје, а протестот против загадувањето на воздухот доби огромна поддршка од граѓаните
Во истакнатите барања на тнр. Зелена револуција, организациите бараат еколошки автобуси, максимален број на велосипедски патеки, ревисирање на старите сообраќајни планови за Скопје, ставање во погон на железничкиот сообраќај, што може да се искористи во рамките на градскиот сообраќај, како и изработка на мобилен план за секое населено место со над 10.000 жители.