Синоќа Прилеп беше сведок на еден од најмасовните протести против антимакедонското делување на СДСМ и нивните коалициони партнери од албанскиот блок.
Денешното седнување во собранискиот претседателски стол на Талат Џафери е неоправдиво, незаконско и антидржавно. Поставувањето на албанското знаме во претседателскиот кабинет дополнително ги подгрева страстите на граѓаните и нивното нетрпение од ваквото погазување на македонскиот народ, македонската држава и државните институции.
Затоа граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” и вечерва ги повикува сите граѓани на Прилеп да се приклучат кон маршот за спас на татковината. Сега и требаме на Македонија.
19 часот пред хотел “Липа”, бидете таму!