Марш на сите што не се согласуваат со ова од СДСМ, ВМРО или неопределен Македонец, денес во 19 пред Липа

image-0-02-05-495a0790f82cbcc25209202b3365047d7701c79a91a5b536645d45c039681f23-V

Погазувањето на Уставот, законите и Деловникот на Собранието при поставувањето на Талат Џафери за Претседател на законодавниот дом, е сериозен преседан кој е типичен за земјите со ниска демократска култура.

СДСМ и албанските коалициони партнери со оваа постапка ја туркаат Македонија во анархија.

Ваквата постапка на СДСМ и нивните албански коалициони партнери целосно ги вжешти главите на стотиците илјади граѓани кои повеќе од два месеци протестираат низ државата, барајќи правда и почитување на гласот на народот.

Она што најмногу загрижува е оправдувањето на ваквата постапка од страна на западот и двојните стандарди кои се користат во поглед на Македонија, а слични такви случаеви во други земји во минатото биле осудувани од истите тие луѓе.

Ова ли е владеење на правото?  Ова ли е животот кој ни го ветувавте?

Дополнително, новиот претседател на Собранието првиот работен ден го искористи да го накити својот кабинет со албански знамиња, постапка која наиде на жестоки реакции кај Македонците.

Граѓаните бараат ова лудило да престани! Граѓаните бараа нови избори за крај на кризата! Македонија мора да опстане!

Затоа денес помасовно од било кога, сите во 19 часот пред хотелот “Липа”, пред споменикот на “Прилепските бранители”, затоа што резервна татковина немаме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.