Македонските ракометни херои вечерва со дуел против Украина од 20:30 часот, го започнуваат шестиот настап на Европските првенства во ракомет.
Нашите момци синоќа го имаа првиот трениг и подготвени ќе го дочекаат денешниот дуел во кој според обложувалниците се големи фаворити.
Хендикеп за нашиот состав е повpeдата на Велко Марковски, која ја заработи на подготвителните дуели во пресрет на првенството.
Сепак, кај ракометарите владее една позитивна атмосфера и подготвеност за најновиот предизвик.
Во групата Б Македонија ќе се сретне уште со Чешка (недела 16:30ч.) и домаќинот Австрија (вторник 18:15ч.).