Маркукуле не греши – поставен нов директор на ЈКП Водовод Прилеп

Како што претходно објавивме , нов директор на Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација во Прилеп ќе биде Игор Гулабоски, докажан професионалец со долгогодишно работно искуство.

Ова е прва одлука на новиот градоначалник Борче Јовчески, во поглед на кадровските промени во институциите каде надлежност има локалната самоуправа.

Гулабоски доаѓа на местото на досегашниот директор Емил Јанески, кој минатата недела поднесе оставка од функцијата.

Според неофицијални информации нов директор има и старскиот дом “Киро Крстески-Платник”, каде ќе биде назначен Благојче Стојаноски, кој е вработен во оваа институција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.