Маркукуле дознава дека попладнево до основните училишта: “Блаже Конески”, “Добре Јованоски”, “Гоце Делчев” и “Кире Гаврилоски” во Прилеп пристигнале дојави за поставени екcплозивни направи.
Во тек е евакуациja во четирите училишта.
Инаку, ова е втор пат во прилепските училишта да стигнат вакви дојави. Првиот пат таква дојава имаше во основните училишта: “Блаже Конески”, “Добре Јованоски” и “Гоце Делчев”.
Дојавите на 26 декември минатата година беа лажни.