После една деценија Марко Матераци проговори за случката со Зинедин Зидан од финалето на Светското првенство во 2006 година.
Зидан, еден од најдобрите фудбалски играчи во историјата на фудбалот, ја заврши својата репрезентативна кариера со еден брутален удар со глава на поранешниот стопер на Италија Марко Матераци.
Вистинските зборови со кои Матераци го испровоцира Зидан да го стори тоа, останаа мистерија.
Сите знаеа дека се работи за некоја навреда, но конечно после 10 години Марко Матераци открива дека ја навредил сестрата на Зидан.
И додека 42- годишниот Матераци вели дека погрешил и се кае за тоа, сепак вели и дека Зидан не требало да реагира така бурно.
А.Г.