Маријана и Мишела ја тресат Австралија – четири медали за близначките од Прилеп на првенството на Океанија

Сестрите близначки Мишела и Маријана Димоски освоија четири медали за репрезентацијата на Австралија на Првенството на Океанија што се одржа во Оукленд, Нов Зеланд. Тие освоија бронзи во сениорка конкуренција во кати и злато за Маријана и сребро за Мишела во сестринското финале во У-21, исто така во кати.

„Во сениори, првиот ден, Мишела и Маријана беа трети. За финале Маријана загуби од Монг од Нов Зеланд со 3-2, а Мишела од Анакан од Нов Зеланд, со истиот резултат. Анакан до скоро беше во првите 20 на ранг листата на ВКФ. Барем една заслужуваше финале, но страшно лошо судење првиот ден. Просекот на мечевите беше 3-2, односно на 8 од 10 меча. Нормално е еден-два меча од 10 да бидат 3-2, но не 8. Очигледна беше наклонетоста на судиите кон репрезентативците на домаќинот Нов Зеланд.

За ова беше разговарано со судиите и укажано на реакциите од тренерите, по што вториот ден од шампионатот судењето се подобри, но е под европскиот и светски стандард. Како и да е, со бронзените медали Маријана и Мишела добиваат поени кои се потребни за рангирање за Олимписките игри во Токио.

На вториот ден во јуниори У-21 Маријана и Мишела се сретнаа во финале, откако претходно ги победија репрезентативките од Нов Зеланд со 5-0 и 4-1. Во финалето Маријана победи со 3-2 и е континентален шампион, а Мишела вицешампион“, исткана Златко Димоски за “Ипон.мк”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.