Марио Балотели на чекор од потпис со култниот италијански тим

Марио Балотели од почетокот на минатиот месец беше на чекор од преминување во редовите на Олимпик Марсеј, меѓутоа преговорите во последен момент се закомплицираа и Италијанецот остана без нов клуб.

Сега “Калчомеркато” известува дека агентот на Балотели Мино Раиола, одржал состанок со претставниците на Парма. Парма и претходно била заинтересирана за темпераментниот играч од нападот.

Потполно е јасно дека Балотели не сака да го продолжи договорот со Ница, а во неколку наврати изрази и желба за враќање во Сериа А. Весникот Газета дело Спорт е уверен во позитивен исход од состанокот на Раиола и челниците на Парма.

Италијанските весници веруваат дека Балотели ќе прифати и смалување на платата за да го забрза преминувањето на Енио Тардини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.