Мандолинскиот оркестар „Скопје“, одржа целовечерен концерт во Прилеп.
Членовите на Мандолинскиот оркестар се под диригентство на Рамадан Шукри и Ерхан Шукри и солистите: Серафина Фантаузо, сопран; Илија Бел Стојаноски, тенор; Ерхан Шукри, виолина; Лазар Сандев, мандолина и Глигор Поповски, вокал.
На програмата беа изведени дела од Бах, Моцарт, Верди, Бизе, Џ. Вилијамс, Х. Родриго, К. Мандонико. Ј. Штраус, М. Ордуљ, С. Кардиљо, Ди Капуа, Тошевски, Димитров и други.