Малиот херој Борјан успешно го помина и вториот операционен зафат: Семејството очекува позитивни резултати

7-годишниот Борјан Гигов од Скопје на кого му се утврдени неколку дијагнози: аутизам, алалија и комбинирани пречки во развојот, требаше да оди на оперативен третман со помош на матични клетки во Германија, за што беа потребни 23.000 евра.

Но, бидејќи семејството не успеа да собере толку пари, третманот во Германија пропадна. За среќа Борјан доби одлична понуда од “Liv Hospital” во Турција, каде третманот во јуни месец помина во најдобар ред.

Сега Борјан беше и на втор третман за неговите родители очекуваат уште подобри режултати.

Тие упатија благодарност до сите хумани граѓани кои донираа за Борјан, како и до медиумите кои ја проширија веста.

“Би сакале да ве известиме дека кај Борјан е извршен и вториот третман, терминот што беше закажан на 25.07 мораше да се одложи поради недоволни средства за на 05.08.2019. Така и се случи на 04.08. заминавме за Истанбул, а на 05.08 беше извршен третманот и се помина во најдобар ред, матичните клетки од првиот третман веќе даваат добри резултати, сега и од вториот третман очекуваме и се надеваме на уште подобри резултати. Донациите за броевите се веќе завршени, останаа нешто средства со кои што за Борјан е земено терапија од болницата за наредни 3 месеци. Во меѓувреме ќе бидеме во контакт со докторите од Истанбул како би знаеле како напредува нашето синче. Сакаме да искажеме голема благодарност до сите хумани луѓе кои овозможија да нашиот син добие шанса за подобар живот, за подобро детство”, вели таткото на малиот Борјан, Трајче Гигов.

Оваа хумана мисија има среќен крај, но и понатаму доколку е потребно треба сите активно да се вклучиме и да овозможиме среќно и безгрижно детство за ова мало ангелче.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.