Регионалниот бизнисмен Дамир Фазлич, чие семејство живее и работи во Вашингтон, имаше можност овој викенд да одигра приватна голф-партија со американскиот претседател Доналд Трамп.
Средбата се случи токму на голф теренот на Трамп во Вашингтон. Тука беа и синовите на Фазлич, постариот Харис и седумгодишниот Дино.
Playing a round of golf at #TrumpInternationalDC #POTUS #Trump #MAGA pic.twitter.com/I0buMJfF4Q
— Damir Fazlic (@FazlicDamir) May 26, 2018
Малиот Дино, благодарение на татко му, веќе имал можност да се запознае со многу светски лидери, па и за време на средбата со Трамп ја покажа својата позната детска непосредност.
Поконкретно, го праша дали може да му каже виц кој се однесува за него.
Претседателот се согласи со задоволство, а малиот Дино му кажа шега поврзана со него и Твитер.
Трамп слатко се насмеа, а потоа се фотографираше со присутните.