Малечката Исидора е успешно оперирана и веќе се наоѓа дома: Вистински борец!

13321983_10209861785850820_4387393745525894907_n

Малечката Исидора Димеска од Прилеп, на која и беше дијагностицирана АСД, ВСД и пулмонална хипертензија, успешно била оперирана на 07.07.2016 година во соседна Бугарија и веќе се наоѓа дома.

Бебето мораше да биде оперирано во рок од три недели до месец дена, операција за која беа потребни 15.000 евра.

Од семејството на Исидора несебично се заблагодаруваат на сите хумани луѓе кои помогнаа нивната ќерка да има среќно детство.

Овој мал борец е нашиот позитив на денот!

1

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.