Претседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, заедно со членови на раководството на партијата беше во
посета на општинските организации во Прилеп и Долнени, во рамките на кампањата „Заедно повеќе знаеме“.
Пред челновите и симпатизерите на ЗНАМ во Прилеп претседателот Димитриевски рече дека нивната цел е да ги слушнат членовите, симпатизерите и граѓаните за се она што ги мачи, за да може да се најде решение.
„Прилеп е град со богата историја и силен дух, и јас сум среќен што се среќавам со вас, членови и симпатизери на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија. Отвореноста во разговорите за предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и за можностите што ги гледаат во една
поодговорна и почесна политика е она што сметаме дека е важно за да имаме демократско и слободно општество. ЗНАМ е партија која сака да го
чуе гласот на народот“.
Димитриевски додаде дека е евидентно оти растат како движење на македонската политичка сцена.
„Секојдневно се приклучуваат нови луѓе кои веруваат во идејата за праведна и достоинствена Македонија. Оваа енергија од теренот ни дава сила и мотив повеќе за уште поголем ангажман и псоветеност во работата“.
Претеседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски се сретна и со општинското раководство, членовите и
симпатизерите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија во општина Долнени.
Членовите на партијата и присутните граѓани ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат тие како жители, а особено ги нагласија оние во
инфраструктурата. Исто така беше речено дека е потребна посилна институционална поддршка во справувањето со проблемите.
„Верувам во политиката што произлегува од теренот – преку директни разговори со граѓаните и соочување со реалноста. Благодарен сум за топлиот прием и отвореноста на жителите на Долнени. Продолжуваме да работиме посветено, со народот и за народ“, рече Димитриевски при посетата на Долнени.