Франција се уште не дала зелено светло за одржување на Меѓувладина конференција со Србија.
Ако таа не се одржи, тоа би било уште еден јасен сигнал дека европските интеграции се успоруваат, односно запираат, пишува Спутник.
Веќе се шпекулира дека ЕУ би можела да отвори ново поглавје за Србија, иако Србија е подготвена за отварање на четири поглавја.
Според наводите на неименувани медиумски извори од Брисел, најтврдото крило за проширување, предводено од Франција, не е подготвено ниту низ конференција барем симболично да го откочи процесот.