Режисерот Столе Попов остави печат врз 41. Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола не само како добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм 2020“, туку и со моќните пораки при обраќањето по примањето на признанието.
Човекот што ги режираше култните македонски играни филмови „Црвениот коњ“, „Среќна нова ’49“, „Тетовирање“, потоа „Џипси меџик“, „До балчак“ и неколку документарци, го искористи свечениот миг да упати силни пораки до политичарите за идентитетот, јазикот, културата, духовноста, за негациите и „бришењата на придавките“…
Помеѓу присутните синоќа беше и претседателот на државата, Стево Пендаровски кој претходно имаше и свое обраќање.