Македонците пред парламентот во Дизелдорф: “Ние сме Македонци, јазикот ни е македонски! Доста е!” (Фото)

Под мотото “Ние сме македонци, јазикот ни е македонски и татковината ни е МАКЕДОНИЈА”, денеска пред парламентот на сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија во градот Дизелдорф во Германија, нашинците кои живеат таму излегоја на протест.

На протестот била испратена и декларација со која се бара зачувување на македонските национални интереси.

Нашинците во овој германски град побараа државната власт тука во Македонија да не потклекнува на бугарските барања и да не се распродава историјата на Македонија.

“Ние сме Македонци и јазикот ни е МАКЕДОНСКИ! Доста е!”, гласеше пораката на протестот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.