Претставници на Македонското малцинство во Бугарија положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград по повод одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на македонскиот херој.
Претставници на Обединетата македонска организација „Илинден“, како и на Културно-просветното и спортско друштво „Светилник“, чиј претседател е македонскиот активист Атанас Кирјаков, му се поклонија на апостолот на македонската револуционерна борба.
Двете здруженија на Македонците од Пиринска Македонија за ова побараа и добија дозвола од Општина Благоевград, пренесува Експрес.мк.