МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ ПОВТОРНО ЌЕ СВЕТИ НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Машката репрезентација на Македонија славеше со 27-25 против Чешка во реванш средбата од баражот и обезбеди место по осми пат на Мундијал. Иако нашите ракометари имаа контрола во текот на мечот, водеа во повеќе наврати со три и четири гола разлика, сепак на крајот имаше драма. Кузмановски со голот од пенал на Кузмановски на 13 секунди до крајот донесе победа за Македонија и пласман на СП.

Продолжува континуитетот и тоа е најважно. Оваа нова генерација покажа дека може да се носи со големи предизвици. Овој пат предводени од најголемиот меѓу најголемите, Кирил Лазаров, но на Светско ќе мора да преземат уште поголема одговорност. Како и да е, веруваме во нашите момци и убедени сме во голем успех.

На Македонија и светка сјајна ракометна иднина и тоа не се само Кузмановски и Талески. Серафимов, Томовски, Младеновиќ и Мишевски со секоја утакмица покажуваат дека нивното место е во националниот тим. И секако, да не ги заборавиме нашите ракометни икони, Ојлески, Митревски и Стоилов.

Битката ја победивме, но вojната не е готова. Пред нас е најголемиот спортски настан, Светското првенство во Полска и Чешка. Ракометарите имаат доволно време да се подготуваат, а нас ни останува да чекаме до 12-ти јануари 2023 и да се подготвуваме за навивање.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.