Македонската ракометна репрезентација стигна до вториот триумф на квалификациите за Европското првенство идната година.
Вистинска голеада вечерва во Исланд, која Македонија ја доби со 33:34 (17:17 на полувремето). Во двете селекции играа само нападите, а одбраните на голманите беа во втор план.
Иако Исланд на почетокот водеше и со 4 гола разлика, Македонија благодарение најмногу на головите на Гоце Ѓорѓиевски се врати, а потоа се играше гол за гол.
Одлични беа Талески и Стоилов, а Манасков од линијата за седмерец беше прецизен во сите обиди.
Во последните 10 секунди при напад на Исланд за победа, Ислаѓаните направија грешка, а судијата покажа црвен картон на играч од нивната клупа. Тоа значеше пенал за Македонија, кој го одбрани Магнусон, но по одбиената топка Манасков го претвори во гол и победа за нашата селекција.
Браво момци!