Капитенот на македонската ракометна репрезентација денеска полни 40 години.
Роден е на 10.05.1980 година, а деби настапот за Македонија го имал на 23.09.1998 година против Белгија. Во кариерата има одиграно над 200 натпревари за Македонија и има постигнато над 1400 погодоци.
Повеќе од 20 години е репрезентативец на Македонија, а во својата кариерата ги држи рекордите за најмногу постигнати голови на едно европско и светско првенство.
На Европското првенство во 2012 година, Кире постигна 61 погодок, а на Светското во 2009 година дури 92.
Кире е прв играч во Лигата на шампиони кој стигнал до бројката 1000 погодоци и го држи рекордот на најмногу постигнати голови во фазата “Фајнл фор”.
Денеска и Европската куќа на ракометот му го честиташе роденденот на нашиот единствен Кире Лазарв.
Среќен Роденден Кире!