Тамара Тодевска е нашиот овогодишен претставник на Евровизија.
Македонскиот тим зачекори на портокаловиот тепих, каде позираше пред евровизиските фанови.
Пејачката беше облечена во црна креација, со големи темни очила за сонце.
Широката насмевка е дефинитивно тоа што ја краси нашата претставничка.
Заедно со Тамара, на свеченоста присуствуваа и нејзините придружни вокали Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.