Денеска во салата на ЦК „Марко Цепенков“ беше оддржано предавање од страна на македонскиот автомобилист Игор Стефановски- Иџе за тоа како треба да се однесуваме во сообраќајот. На предавањата беше посочено: кога и каде смее да се поминува улица, што значи црвеното, а што зеленото светло на семафорот, најмалите во градинките беа споменати како треба да се однесуваат како учесници во сообраќајот.
„Децата уште од намала возраст се учесници во сообраќајот како пешаци и како велосипедисти. Иако родителите вршат надзор, тие можат да се соочат со опасности, затоа се организираат ваквите едукативни предавања“, посочи автомобилист Игор Стефановски- Иџе денеска во Прилеп.
Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и им порача да внимаваат какви учесници се во сообраќајот.