“Македонски пошти, по тиква?”

На вчерашната 11-та седница на Владата го утврди новиот текст на Законот за изменување на Законот за поштенските услуги, којшто, согласно член 137 од Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија ќе биде доставен на усвојување.

Во врска со оваа точка, Владата ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.

Kaко што пишува порталот “ФАКТОР”, во првата половина од годината друштвото има загуба од 52,5 милиони денари или над 850 илјади евра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.