Македонски и прилепски спортски амбасадор: Борјан Јованоски го освои златото на Европскиот куп во Романија (ФОТО)

Изминатиов викенд од 9-11 Јуни во Урои, Романија, се одржа првото коло за оваа годинаа на Еврпоскиот куп во параглајдинг во дисциплината прецизно слетување.

Борјан Јованоски, македонскиот параглајдинг репрезентативец и член на Параглајдинг Клубот “Делта” од Прилеп го освои првото место.

Покрај променливите временски услови, на овој натпревар успешно се постигнаа 6 серии, каде што Борјан го освои златото со вкупно 9 негативни поени.

Подиумот заедно го подели со Маркета Томашова од Чешка, која го освои второто место со 15 негативни поени, додека пак третото место му припадна на Словенецеот Ренато Херега со 19 негативни поени.

Истовремено Борјан заедно со неговиот тим освоија бронза, односно трето место во тимски пласман на овој натпревар.

Од позначајните натпревари што го очекуваат Борјан и македонските параглајдеристи за оваа година се: Европските купови во Чешка и Србија, Светски куп во Германија и Светско Првенство во Бугарија. Секако, се надеваме на вакви успеси и во следните натпревари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.