Доктор Горан Трајковски е македонски лекap од Скопје кој веќе неколку години живее и работи во Германија, а доста е активен на социјалната мрежа Инстаграм каде редовно дава медицински совети за своите следбеници особоено откако започна пандемијата на коронавирусот.
Трајковски на Инстраграм објави видео во кое со огромен гнев говори за трагедијата која ги затекна тетовчани, откако се запали модуларната ковид болница во Тетово, несреќа во која загинаа 14 лица.
Докторот говореше за иронијата во која пациентот со сета доверба го препушта својот живот на лекарот и здравствениот систем да го спаси, а наместо тоа се случува ваква трагедија во која болниците наместо да спсасуваат убиваат луѓе.
Трајковски проговоре и за иронијата имајќи во предвид дека трагедијата се случи на денот на независноста.
Според него Македонија не треба да слави независност имајќи во предвид дека ја свиткавме опашката пред сите соседи, сменивме и име и знаме.
Тој истакна дека очигледно не сме способни да водиме држава, посочувајќи дека од распадот на Југославија ништо добро се нема случено.