Македонски, грчки и албански диџеи на едно место цел ден и цела ноќ и тоа за само 200 денари

На 18. и 19. јуни на плажата во Долно Дупени по четврти пат ќе се одржи фестивалот “Запознај ја Преспа”.

на журката на плажа Дупени ќе настапат 14 познати DJ-и од трите земји кои ги делат водите на Преспанското езеро. Започнуваме во 12:00 на пладне, а траеме до магичното изгрејсонце утредента кое може да го дочекате во друштво на преспанските пеликани.

Во меѓувреме, сите гости гурмани од 17:00 часот ќе можат да го посетат и селото Брајчино во падините на Пелистер, на само 8 километри од плажа Дупени. Тука, своите кулинарски знаења ќе ги презентираат угостители и чувари на тајните на преспанските традиционални рецепти, а вие ќе уживате во традиционалната преспанска храна и земјоделски производи. За првпат, учесниците од грчкиот дел на Преспа ќе го презентираат познатиот џиновски грав, а од Албанија ќе може да го пробате далеку прочуениот, природен мед. А домаќините од преспанските села ќе ги понудат своите најдобри специјалитети како зелник, цирони, сушен крап, чадено месо и колбаси и многу други домашни јадења.

Со овој фестивал, преспани од трите земји кои ги делат убавините и мистериозната енергија на Преспа, ја испраќаат нивната порака за европска Преспа без граници!

*За сите заинтересирани посетители од околината, организаторот ќе обезбеди бесплатен превоз и тоа од Битола и Ресен до Плажа Дупени и с.Брајчино и назад. Автобусите поаѓаат во 12.00 и 19.00 од Битола, пред кафе Јагода. Враќањето кон Битола е предвидено во 03.00

*Влезницата за музичкиот дел од програмата во предпродажба чини 200ден (места на предпродажба – Излет Кафе Ск и Јагода Мезе Бар Бт) на самиот влез ќе чини 300ден., а средствата собрани од истите ќе се наменат за реализација на проекти во функција на развојот на Преспа.

*Предлог за сместување – Автокамп КРАНИ, бунгалови со цена од 1.600 ден. за 4 особи + туристичка такса од 40 ден. по лице на ден. Контакт за резервации: 071/256-500

Фестивалот “Запознај ја Преспа/Meet Prespa” е подржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија
Организатори – HBO Преспа ГРАД и Општина Ресен




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.