Ракоментата репрезентација на Македонија на одличен начин ги отвори Медитеранските игри кои оваа година се одржуваат во Оран, Алжир откако со убедливи 39:21 ја совлада селекцијата на Грција.
Играта на теренот беше одлична, протокот на топка доста брз, а во нападот имавме огромна разновидност, нешто што досега не било видено. Освен тоа, стрелците беа расположени, па ретко кога Македонија ќе промашеше некој удар. Одбраната беше одлична и изгледаше доста воиграно, а фантастични меѓу стативите беа и Кизиќ и Гогов.
Најдобар кај стрелците беше Martin Serafimov со седум гола, пред Nenad Kostevski со пет постигнати гола, исто колку што имаше и Петар Атанасијевиќ. Четири пати стрелаше Игор Ѓорѓиев, три гола имаше Иван Џонов , Александар Петровски и Павле Атанасијевиќ дадоа по два, додека Марко Стојковиќ, Кристијан Симоновски и Костадин Петров реализираа по еднаш. Кај Грција, Елефтериос Пагиатис имаше пет гола, пред Армандо Сина со три.
Следниот натпревар македонската репрезентација го игра веќе утре со почеток од 18:00 часот, а противник ќе ни биде домашната селекција на Алжир.