“Македонијо моја полниш 30 лета, иако ти време за мажење, не го прави тоа, знаеш дека не те бива за потпишување договори”

Игор Џамбазов со уникатна честита за 30-годишнината од независноста на државата

-Maкедонијо моја… Денес полниш 30 лета, не си веќе девојченце. Имаше несигурно детство и ептен бурна младост. Време ти е да се прибереш малку. Застани веќе на свои нозе, сакај се малку повеќе. Иако ти е време за мажење, немој да го правиш тоа. Знаеш дека не те бива за потпишување договори. Башка и никој не те заслужува. Те сакам, Македонијо – напиша најпопуларниот македонски шоумен на Инстаграм.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.