Стадионот „Петар Милошевски” во Битола повторно е домаќин на голем фудбалски натпревар, помеѓу фудбалската репрезентација на Македонија и репрезентацијата на Шведска, за фудбалери до 21 година.
Натпреварот со последниот противник од првиот круг ќе се одигра денеска со почеток во 17:00 часот, од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.
Откако стадионот „Петар Милошевски” ја помина инспекцијата на Европската фудбалска унија (УЕФА) и доби лиценца за втора категорија, се здоби со можност да биде домаќин на големи фудбалски натпревари, а досега, во само два месеци, се одиграа два големи фудбалски натпревари.
Билети за натпреварот можат да се набават по електро ски пат на страницата на ФФМ, на следниот линк:
https://eticket.ffm.mk/stadion-bitola/
























