Паника и канонада од „шиткачки“ понуди до албанските партии синоќа се случувала на Бихаќка откако Зоран Заев се соочил со реалноста дека не постои можност Уставот да биде променет, ниту пак да се остварат ветувањата до Албанските партии во Македонија.
Како што дознаваме, Заев имал интензивни средби со претставници на Албанските партии на кои им нудел „брда и долини“, неодговорно ставајќи ги на продажба државните интереси.
На маса бил ставен и предлог за премиер Албанец, но и министер за внатрешни работи, министер за надворешни, одбрана и слични стожерни функции во државата. Засега, не е познато дали некој од преставниците на албанските партии ги има прифатено понудите на Заев, имајќи во предвид дека тоа би значело и сериозно нарушување на стабилноста на државата.
Во меѓувреме, Африм Гаши од БЕСА соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ подготвуваат нова владина коалиција, во која мандатар ќе биде друг кандидат од ВМРО-ДПМНЕ.
Извор: Инфомакс