Според неофицијални информации ДУИ, СДСМ и Алијанса на Албанците постигнаа договор за коалицирање во нова Влада.
Планот за разнебитување на државата почнува да се реализира!
Имено според неофицијални информации Зоран Заев на интегративците и Алијансата на Зијадин Села им понудил:
1. Претседател на Собрание
2. Министер за правда,
3. Министерство за внатрешни работи (доколку остане кај СДСМ, на ДУИ би им припаднало Бирото за јавна безбедност)
4. Министерство за надворешни работи
5. Министерство за здравство,
6. Министерство за образование,
7. Министерство за труд и социјална работа,
8. Министерство за економија,
9. Секретаријат за Европски прашања
10. Вице-Премиер за спроведување на Рамковен договор + Царина (или УЈП)
Наскоро ќе се дефинира и промената на знамето и химната. А, двојазичноста на парите и униформире во МВР и АРМ е веќе договорена работа, според вчерашните информации.
Информациите говорат и дека од ДУИ се задоволни дека добиле повеќе од тоа што побарале од нивниот коалиционен партнер.