Утре со почеток од 18:00 часот, Македонија го игра вториот натпревар од Лигата на нации во групата 2 од Лига Ц.
Наш противник е репрезентацијата на Грузија која ќе биде домаќин на дуелот со црвено-жолтата фаланга.
Македонија во саботата го доби првиот дуел од групата против Ерменија со 2:1, а утре нашите момци ќе атакуваат на нови три бода и задржување на првото место во групата.
Нашите репрезентативци претпладнево полетаа за Тбилиси, главниот град на Грузија. Да им посакаме среќа и да не израдуваат за утрешниот државен празник, Денот на независноста.